Фотографии од проектот „Викиекспедиции“ на изложба во „Јавна соба“

Од:

Во Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“ од денеска до 15 април ќе бидат претставени 32 најдобри фотографии направени во досегашните истражувања од проектот „Викиекспедиции“ на Википедија на македонски јазик.

Со изложбата, насловена „Во допир со Македонија“, ќе бидат одбележани три години од успешното спроведување на проектот „Викиекспедиции“, кој опфаќа теренски истражувања и посети на различни области на Македонија.

Нивната цел е да помогнат во подобрување на постојните и создавање нови статии за градовите, селата, географските области и особености во областите низ целата територија на Македонија на македонски јазик од страна на активните корисници и уредувачи.

По тригодишно истражување и посета на 17 региони на Македонија, направени се 4 302 фотографии и се уредени и создадени 266 статии на Википедија на македонски јазик за села, верски храмови, културни и природни знаменитости.

Посетителите ќе видат фотографии и ќе бидат информирани за достигнувањата на проектот, неговото значење и значењето на слободната енциклопедија Википедија и проектите на Викимедија кои, како што истакнуваат организаторите, во современото дигитализирано живеење ја нудат можноста да сме во допир со она што ја претставува и сочинува Македонија.

Изложбата се совпаѓа со почетокот на четвртата сезона на викиекспедициите. На нејзиното отворање вечер од 20 часот ќе има и краток осврт од членовите вклучени во теренските истражувања.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски