Локализиран пожарот во Министерството за правда

Од:

Пожарот што избувна попладнево во канцеларии на Министерството за правда во центарот на Скопје е изгаснат. Повредени нема, причинета е материјална штета која дополнително ќе се утврдува.

Ѕвонко Томевски, командир на Противпожарна бригада на град Скопје изјави дека изгорени во пожарот изгореле три канцеларии на четвртиот кат, но оти од големата топлина има оштетување и на околните простории.

Пожарот е пријавен во 16 часот и 45 минути, а како што изјави заменик-министерот за правда Оливер Ристовски, кој бил присутен во зградата, рече дека алармот се запалил во 16 часот и 30 минути и веднаш е почната евакуација на лицата кој биле присутни во зградата.

– Немаше многу од вработените. Јас бев на 5. кат и ние последни слеговме. Пожарот избувнал на 4. кат. Што е причината се уште не знаеме. Нема човечки жртви, немаше луѓе во моментот кога веќе беше многу критична состојбата во зградата. Не знам точно што е сега опожарено на четвртиот кат. Тука се финансии, сметководство, не знаеме точно каква е штетата, изјави Ристовски.

Во гаснење на пожарот интервенираа 10 возила со 25 пожарникари. Причината ќе биде позната откако ќе се изврши увид.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан