Трошоците на живот во март зголемени за 1,6 отсто

Од:

Трошоците на живот во март биле на исто ниво како и во февруари, а цените на мало пониски за 0,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во однос на март минатата година, трошоците на живот се зголемени за 1,6 проценти, а цените на мало за 2,9 проценти.

Иако трошоците на живот се на истото ниво како во февруари се забележува движење во подгрупите. Пораст е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7,1 процент, кај житата за 1,6 проценти, замрзнатото овошје за 1,2 проценти, кај компирот, млекото, сирењето и урдата, другите пекарски производи и кај трбушките.

Пораст на трошоците на живот е забележан и кај телефонската и телефакс-опремата, кај предметите за лична хигиена и здравје, услугите за лична хигиена, средствата за чистење и одржување на станот, туристичките пакет-аранжмани, обувките, резервните делови и опремата за сопствен превоз, големите електрични апарати, услугите за култура, облеката.

Намалување на трошоците на животот имало кај оризот, сувото овошје и јаткастите производи, другите прехранбени производи, месото, јајцата, рибата и морските плодови, јогуртот, сушеното, соленото и чаденото месо. Намалување е забележано и кај течните горива за домаќинствата, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, болничките услуги, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства, книгите, гасот за домаќинства.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он