„Адидас“ ќе затвори продавници, се насочува кон интернет продажба

Од:

Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ очекува затворање на физичките продавници во текот на следните години, во рамки на пренасочување кон интернет продажба, соопшти извршниот директор Каспер Рорстед за „Фајненшл тајмс“.

– Со тек на време ќе имаме помалку продавници, но ќе бидат подобри, истакна Рорстед.

Во моментов „Адидас“ има 2.500 продавници ширум светот и уште 13 илјади франшизни продавници во кои се продава само тој бренд.

Извршниот директор очекува следната година бројот на продавници да се намали.

– За нас веб-страницата е најважната продавница во светот, додаде Рорстед.

„Адидас“ планира двојно да ја зголеми продажбата преку Интернет до 2020 година, на четири милијарди евра. Минатата година, тимот оствари приходи од 1,6 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски