Македонскиот шампион Вардар е пред пласман на завршниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите, а четири ракометарки од „црвено-црните“ се наоѓаат во конкуренција за „Ол стар“ тимот.
ЕХФ им дава можност на навивачите да го изберат својот идеален тим на сезоната. Номинирани од Вардар се:
голман – Амандин Лејно
лев бек – Андреа Пенезиќ
пивотмен – Драгана Цвијиќ
десен бек – Александра Лакрабер.
Исто така и тренер на Вардар, Ирина Дибирова се наоѓа во конкуренција во изборот на ЕХФ.
Гласањето се одвива на следниот линк https://apps.facebook.com/my-
Победниците, односно идеалниот тим ќе биде прогласен за време на финалниот викенд во Будимпешта на 12 и 13 мај.