Францускиот претседател Франсоа Oланд попладнево оцени дека Алжир го имаше „најсоодветниот одговор“ за време на заложничката драма во Ин Аменас, бидејќи „не можеше да се има преговори“ со грабнувачите“, јавува дописникот на МИА од Париз.
„Ние ги немаме сите елементи, но кога има земање на заложници со толку многу лица и терористи толку многу ладнокрвни и одлучни, подготвени да убиваат, што и го направија, нивните заложеници, една земја како Алжир имаше одговори кои мене ми изгледаат како најсоодветни, бидејќи не можеше да има преговори“ – изјави шефот на француската држава пред новинарите во Тул – Корез, каде тој ќе има средба и со делегација на 126 пешадиски полк од Брив-Ла-Гајар, чии војници заминуваат во мисија во Мали.