Лондонската полиција уапси едно лице, а околу Багингемската палата е поставен кордон, откако во близина било паркирано едно сомнително возило.
Маж на возраст од 30 години бил приведен под сомнеж дека го нарушувал јавниот ред и мир.
Станува збор за бело комбе, кое е паркирано веднаш наспроти палатата.
– Улицата е затворена за сообраќај и поставени се кордони. Полиција го претресува возилото, изјави портпарол на британската полиција.