Трамп е сигурен во постигнувањето договор со Кина во областа на трговијата

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази увереност дека Кина ќе ги отстрани трговските бариери и ќе биде постигнат договор меѓу двете земји, за да се избегне трговска војна.

– Кина ќе ги отстрани трговските бариери, затоа што тоа е вистинското решение. Царините ќе станат реципрочни и ќе биде постигнат договор за интелектуалната сопственост. Голема иднина за двете земји, напиша американскиот претседател на Твитер.

Неговата порака сепак не објаснува зошто тој е оптимист за решавањето на трговскиот конфликт меѓу двете најголеми економии во светот, коментираат светските агенции.

Трамп истакнува дека тој и претседателот на Кина, Си Џинпинг секогаш ќе бидат пријатели „без разлика што се случува со спорот во трговијата“.

Би можело да ве интересира

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари