ФБ ќе ги информира корисниците засегнати од скандалот Кембриџ Аналитика

Од:

Фејсбук ќе ги информира в понеделник преку нотификации на нивниот профил корисниците засегнати од скандалот со Кембриџ Аналитика.

Највеќе 87 милиони Фејсбук корисници ширум светот, повеќето во Соединетите Американски Држави, а 2,7 милиони во ЕУ, биле жртви на нелегалното споделување на нивните лични податоци со фирмата Кембриџ Аналитика за политички цели, изјави Фејсбук. Информацијата ја обелодени свиркач и поранешен вработен на Кембриџ Аналитика, а беше потврдена од страна на Фејсбук.

Корисниците чии лични податоци биле искористени се оние кои ја симнале апликацијата “thisisyourdigitalife“, но креаторите на оваа апликација преку нејзе имале пристап и до податоците на мрежата пријатели на оние кои ја користеле апликацијата. Па, така во Белгија комисијата за заштита на лични податоци информираше дека преку 8-те Белгијци кои ја симнале апликацијата, Кембриџ Аналитика успеал да собере лични податоци на над 60.000 Белгијци. Слична е пропорцијата во другите земја на ЕУ.

Европските комисии за заштита на лични податоци треба на 10 април да се состанат во Брисел и да го координираат одговорот на овој скандал.

Свиркачот Кристофер Вајли сведочеше пред британскиот парламент и изјави дека е веројатно Кембриџ Аналитика да влијаела врз исходот од референдумот за Брегзит во 2016 преку информациите кои ги собрала преку својата апликација на Фејсбук.

Европските институции се под притисок по обелоденувањето на овие информации, со оглед на тоа дека во 2019-та треба да се одржат новите европски избори. Европската Комисија испрати писмо до раководството на Фејсбук, кое одговори е дека подготвено да соработува на високо ниво.

Дел од европарламентарците бараат раководството на Фејсбук да сведочи пред европските народни избраници.

Европскиот супервизор за заштита на податоците, Џовани Бутарели, вчера за МИА изјави дека одамна експертите се свесни за методите на Кембриџ Аналитика и Фејсбук. Тој предупреди дека тоа се случува на многу други платформи и други компании, не само Фејсбук и дека ова претставува закана за демократијата.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски