Обвинетиот 23-годишник М. Ф. од село Черкезе, кумановско, кој е еден од обвинетите за настаните во Мала Речица, се наоѓа во стабилна здравствена состојба, дознава „Макфакс“ од извори во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Тој сè уште е на апарати, но поминале критичните 48 часа и се наоѓа на одделот за интензивна нега. За него судија на претходна постапка по барање на обивнителството определи 30 дневен притвор. Со повреди се здоби и 42 годишниот Р.С. од Куманово.
Според полицијата, во селото Мала Речица на ул.„ 167“, се случила престрелка помеѓу две групи кои биле со неколку патнички моторни возила. Во престрелката загина 47 годишниот Н.Р. од село Белановце, липковско. Полицијата трага по лицето со иницијали Д. Ф. Неофицијално, според созананијата на „Макфакс“ некои од осомничените се во семејно-роднинска врска.
Веднаш по настанот, јавен обвинител од Тетово, започнал увид и презел мерки за пронаоѓање на учесниците во настанот и негово документирање. На местото на настанот пронајдени се осум испукани чаури од пиштолска муниција, еден неиспукан куршум од пиштолска муниција и три зрна од куршуми, траги од крв и една безбол палка. Сите пронајдени траги и предмети се испратени на вештачење во МВР.
Во едно од пронајдените возила непосредно по настанот, кога се приведени двајца од 12 осомничени, пронајдени се и два пиштоли и тоа марка „Валтер П99“ со калибар – 9мм, како и пиштол марка – „Брауинг“ исто така калибар 9 мм, кои биле употребени во случајот во Мала Речица. По наредба на јавен обвинител извршени се претреси на 12 локации на СВР Куманово.