Зендели, Реџепи и Демири потпретседатели на Беса, Хоџа – генерален секретар

Од:

Претседателството на Движењето Беса го одржа првиот состанок на кој се избраа потпретседателите на партијата и тоа Фадил Зендели, Кастриот Реџепи и Абдуш Демири додека за генерален секретар на партијата се избра Арјанит Хоџа.

Исто така на овој состанок се одлучи и за четвртиот потпредседател на еден од следните состаноци, позиција која ќе и следува на Форумот на жени на Движењето Беса, се вели во соопштението на Движењето Беса.

На истиот состанок се избраа и раководителите на секретаријатите што се во склоп на Претседателството на партијата и тоа: Секретар на департамантите – Енвер Салихи, Секретар за Стратешки политики – Бинас Пајазити, Секретар за Човечки ресурси и лобирање – Арафат Шабани, Секретар за Организација – Седат Сулејмани.

Воедно се именува и портпаролот на партијата, Арта Садику- Актеши член на централното претседателство, соопштуваат од Движењето Беса.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски