„Добрината е насекаде околу нас, само треба да ја препознаеме“ е мотото на фото-натпреварот за средношколци од Скопје, Риека и Радвилишкис што го распиша проектот „Ученици денеска – одговорни претприемачи утре“ (СТРЕТ).
Целта е, преку фотографија, средношколците да ја воочат важноста од позитивно делување и развивање филантропски вредности во општеството.
Филантропија, заедница, поддршка, помош, добрина, емпатија,… или се што содржи позитивна порака, може да биде тема на фотографиите, а крајниот рок за пријавување е 19 април.
Фотографиите треба да бидат дигитални, во „jpg“ формат, направени со професионален фото-апарат или со мобилен телефон, но на нив не смее да има цртежи. Може бидат минимално обработени.
Победникот ќе освои FUJIFILM Instax мини 9 полароид камера, а десетте најдобри фотографии од секој град ќе бидат изложени на Гала настан што ќе се одржи идниот месец во Скопје.
Детали за конкурсот има на веб-страницата http://stret.eu/?p=448.
Проектот СТРЕТ е дел од Програмата ЕРАЗМУС +, поддржана од ЕУ.