Повреден работник во депонијата „Мегленци“

Од:

Шеесетгодишниот Р.П. од село Лопатица вработен како машинист на работна машина-багер, вчера се здобил со тешки телесни повреди извршувајќи работни задачи во депонијата „Мегленци“, сопственост на Јавното претпријатие „Комуналец“, во Битола.

МВР информира дека според пријавеното, додека Р.П. се обидувал да се качи во кабината од работната машина за да ја запре, а која во еден момент почнала да се движи наназад, подвижната гасеница му ја потфатила левата нога и го исфрлила зад машината.

Од страна на друг вработен Р.П. бил извлечен подалеку од машината. Тој бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец