Стив Кер ги нападна своите играчи по поразот од Индијана

Од:

Тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер ги критикуваше своите играчи по тешкиот пораз во Индијана со 106:126.

„Воините“ сепак немаат мотивација да играат, бидејќи ниту можат да го заземат првото место во Западната конференција, ниту пак да го изгубат второто. Сепак, тренерот имаше сериозни забелеши кон кошаркарите.

– Големиот проблем беше ставот. Во НБА, не можете да освоите натпревар без да се трудиш на теренот. Бевме едноставно трагични, рече Кер, кој се расправаше со играчите неколку минути по натпреварот.

Една од ѕвездите на тимот, Кевин Дурант, кој постигна 27 поени, сепак не се согласи.

– Мислам дека се трудевме. Едноставно ривалот беше поагресивен и со подобра стратегија. Но, не мислам дека има некој во овој тим кој не се трудел, рече крилото.

Бојан Богдановиќ постигна 28 поени за Пејсерс, од кои шест тројки и така Индијана стана првиот тим во историјата кој успеал да победи на сите средби против тим на Стив Кер, во текот на една сезона.

– Да, јас сум бесен. Знам дека натпреварот е без значење, но плеј-офот почнува другата недела и таму слично претставување е недозволиво и неприфатливо, додаде луто тренерот.

Индијана го подобри скорот до 47-32 и ја продолжува битката за топ 4 во Источната конференција, а за момент е на 5-то место, во близина на Кливленд и Филаделфија, кои утре играат клучен судир еден против друг.

Останатите резултати од НБА:

Милвоки – Бруклин 111:119
Кливленд – Вашингтон 119:115
Јута – ЛА Клиперс 117:95
Хјустон – Портланд 96:94
Денвер – Минесота 100:96.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот