Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумоски и извршниот директор на Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“ Зоран Костов денеска потпишаа Меморандум за соработка.
Со Меморандумот се уредува спроведување проектни активности за воспоставување регистар на станбени згради и станови и регистар на управители на станбени згради за секторот домување во Македонија.
– По завршување на регистарот од кој ќе се добијат потребните податоци за состојбата во која се наоѓаат зградите на територија на Ѓорче Петров, во план е да се премине на втората фаза во која ќе се утврдат условите, критериумите, начинот и постапката за субвенционирање од страна на општината на фасадите и покривите на зградите со што ќе се доведе до зголемување на енергетската ефикасност, а со тоа и намалување на трошоците на сметките, како и придонес кон заштитата од аерозагадувањето, соопшти општина Ѓорче Петров.
Oва е подготвителна фаза со која, како што се наведува, ќе се обезбедат сите предуслови за почеток на поддршка на инвестиции во секторот домување, кое ќе биде целосно јавно и транспарентно со јасно дефинирани услови и кретируми каде можат да аплицираат сите регистрирани заедници на сопственици и управители на станбени згради.