Клиниката за психијатрија со нова опрема и реновирано болничко крило

Од:

Нова апаратура за неурофидбек (метода со која се мерат мозочните бранови и се влијае на нив), за транскранијална магнетна стимулација (процедура која има ефект во редукција на симптомите на депресија), како и реновирано болничко крило беа промовирани денеска на Универзитетската клиника за психијатрија, во пресрет на 7 април, Светски ден на здравјето.

По тој повод, Клиниката денеска ја посетија министерот за здравство Венко Филипче и државниот секретар во Министерството, Владимир Милошев.

– Светскиот ден на здравјето е одлична можност да потсетиме на приоритетите на Министерството за здравство. Унапредувањето на менталното здравје е високо на нашата агенда заедно со вакцинацијата и справувањето со новороденечката смртност. Не смееме да дозволиме менталното здравје, односно заболувањата да останат табу тема во нашето опшстество, изјави Филипче.

Посочи дека со директорот на Клиниката, Стојан Бајрактаров разговарале за потребата од нова опрема за дијагностика на овие заболувања и воведување нови лекови кои ќе бидат значајно олеснување на состојбата на овие пациенти.

Бајрактаров рече дека Министерството за здравство има нова програма за ментално здравје која ќе биде национална стратегија и акциски план, кој многу брзо ќе биде подготвен, во насока на подобрување на состојбата со менталното здравје во Република Македонија.

Потенцира дека континуирано работат на подобрување на нивните услуги и третмани, а реновирани се и сите одделенија, амбулантата и дневната болница.

– Имаме нови услуги во последните неколку месеци кои се имплементираат и преку нови пакети услуги кои ни ги овозможува Фондот за здравствено осигурување. Имаме отворено неколку нови кабинети, а во овој период почнуваме и со два научно-истражувачки проекти. Имаме опрема и за дијагностика и третман, а лабораторијата планираме да ја прошириме со нови дијагностички процедури. Во процес сме на набавка на нова опрема за дијагностика на растројства на спиење т.е.мобилна полисонографија, додаде Бајрактаров.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска