ВИДЕО: Шест години затворска казна за Бобан Илиќ кој го усмрти Алмир

Од:

Кумановскиот суд му изрече шест години затворска казна на 30 годишниот Бобан Илиќ кој со своето возило на 25 јуни 2016 година го усмрти четиригодишниот Алмир Алиу по банална расправија со неговиот татко.

Сами Демири 9 месеци и Седат Алиу 6 месеци условно. Судијката рече дека сите заедно допринеле да се случи последицата.

Првично, Илиќ беше обвинет за „Убиство со умисла“, но по две нови вештачења, Обвинителството го преквалификуваше делото во „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Ваквата одлука на Обвинителството беше бурно проследена од страна на јавност за што беа одржани и неколку протести во Скопје и Куманово. Семејството на Алмир побара одновно да започне главната расправа, но судот не прифати обновување на процесот.

Бобан Илиќ првично беше притворен, но по преквалификувањето на делото беше пуштен на слобода.

Обвинителката изјави дека тој направил сообраќајна несреќа со што ја загрозил безбедноста на пешаците возејќи со речиси 40 километри на час. Ваквата одлука исто така предизвика бурни реакции и во Јавното обвинителство каде четворица обвинители изјавија дека одлуката за преквалификација е неоснована.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески најави дека целата постапка ќе биде разгледана од етичкиот совет.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Виновникот за смртта на малиот Алмир мора веднаш во затвор, нема одлагање на казната

Жарко Настоски

Протест за случајот Алмир пред кумановскиот Основен суд

Бобан Илиќ во притвор по барање на обвинителството

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Алиспагиќ: Шест години не се доволно за монструозен убиец како Илиќ, ќе поднесеме жалба на пресудата

Ана Ололовска

Кумановскиот суд денеска ќе изрече пресуда за смртта на Алмир

Ана Ололовска

Обвинетите во случајот „Алмир“ не се чувствуваат виновни, пресудата ќе биде објавена на 5 април

Ана Ололовска