Театарот „Сенки и облаци” од Скопје заедно со 20 други организации од светот доби грант од познатата MTV Staying Alive Фондација за ХИВ/СИДА едукација на младите во Македонија.
Грантот е наменет за спроведување на проектот „ХИВ/СИДА едукација преку игра на сенки“ што ќе се спроведува од јануари до април со поддршка на Младинскиот културен центар – МКЦ од Скопје, Здружението Х.Е.Р.А и мрежата на НВО и Y-PEER Македонија.
Проектот подразбира едуцирање на младите за ХИВ/СИДА и обучување за игра на сенки, нивна креација на претстави со сенки и патувачки караван на претставите низ неколку града во Македонија.
Процесот ќе се одвива во три фази. Првата фаза ќе биде викенд тренинг за ХИВ/СИДА и сексуално и репродуктивно здравје на 9 и 10 февруари, втората викенд работилници за создавање театарска претстава со сенки што ќе се спроведат на 16 и 17 февруари, 23 и 24 февруари и 2 и 3 март, а третата фаза ќе биде театарски караван во Велес, Тетово, Куманово и Кавадарци и ќе се реализира во текот на април годинава.