Воспоставена соработка меѓу Прилеп и турската општина Бајрампаша

Од:

Делегација на општина Прилеп, предводена од претседателот на советот Миле Талевски, во придружба на пратеникот Хари Локвенец, воспостави општествено-политички, бизнис и културни релации со општина Бајрампаша во Инстанбул.

На покана од општината Бајрампаша, прилепската делегација во рамките на тридневниот престој, оствари средба со градоначалникот на општината Бајрампаша, Атила Ајдинер, со директорот на основното училиште „Јахија Кемал“ и имаше средби со претставници од бизнис-заедницата.

– Имавме пријателски пречек од градоначалникот на општина Бајрампаша, Атила Ајдинер и разменивме повеќе информации кои ќе бидат од огромно значење за натамошните релации на ниво на општини. Но, морам да го изразам моето задоволство од интересот на турските бизнисмени за инвестирање и воспоставување трговски релации со нашата општина. Посебен е интересот за инвестирање во селото Канатларци, со голем број жители од турската националност, изјави претседателот на прилепскиот совет Миле Талевски.

Пратениокот Хари Локвенец очекува набрзо возвратна посета на делегација од истанбулската општина Бајрампаша.

– Импресиониран сум од желбата на градоначалникот на општина Бајрампаша да соработува со Прилеп. Очекуваме вистинска и плодна соработка со оваа општина од два милиона жители. Мојата посета е во името на градоначаникот Илија Јованоски. Имам прекрасни спомени, многу верба дека ќе се воспостави квалитетна соработка и ја очекуваме возвратната посета на Прилеп. Нашите домаќини рекоа дека негуваат големи емоции за Македонија која ја чувствуваат како свој втор дом, вели пратеникот Локвенец.

Позитивни впечатоци од посетата на Турција има и Бајрам Јусуфоски, в.д директор на ОУ „Кирил и Методиј“ од Канатларци.

– Во Бајрампаша го посетивме ОУ „Јахја Кемал“, во кое настава следат 1.900 ученици, од кои најмалку 30 отсто имаат потекло од Прилеп и од Канатларци. Тоа беше главната причина поради која тие покренаа иницијатива за збратимување на двете училишта. Исто така, добивме покана дваесетина ученици и наставници од нашето училиште да престојуваат во Бајрампаша, односно во ОУ „Јахја Кемал на 23 април кога во Турција се слави Денот на децата, вели Јусуфоски.

Прилепската делагација оствари средба и со Здружението на прилепчани кои живеат во Истанбул. Според најавите, наскоро се очекува возвратна посета на делегација од инстанбулската општина Бајрампаша, предводена од градоначалникот Ајдинер.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија

(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Дисциплинска казна за здравствените работници кои учествувале во лекувањето починатите новороденчиња

Горан Наумовски

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он