Заев-Суомалаинен: Да се искористи позитивниот моментум за напредок на Македонија

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Нина Суомалаинен, амбасадорката на ОБСЕ во заминување, поради завршувањето на нејзиниот мандат во земјава.

На средбата се разговараше за реформските усогласувања во различните области согласно извештаите на ОБСЕ, за актуелната политичка ситуација во нашата држава и за интеграциските перспективи на Република Македонија.

Заеднички е заклучокот дека реформите и добрососедските политики со пријателски и конструктивен дух се голем придонес во напредокот на државата и дека овој позитивен моментум треба да се искористи за понатамошни исчекори.

Премиерот Заев информираше дека реформите во изборното законодавство се прават согласно забелешките во извештаите на ОБСЕ. Исто така, премиерот Заев информираше дека реформите во медиумите се во насока на отворање простор за истражувачкото новинарство, за јасен критицизам и за слобода на говор. А, се работи и на реформи на професионализација на јавната администрација и на градење капацитети на институциите согласно потребите на граѓаните.

Поздравени се реформските политики на Владата, со акцент на потребната заштита на безбедноста на новинарите, како и реформите во полицијата.

„Работиме на заокружување на реформскиот процес, којшто е важен за ЕУ и НАТО, но и за квалитетот на живот на граѓаните, низ инклузивни политики. Работиме и на развој на добрососедските односи и на затворање на билатералните прашања што стојат на патот на евро-атлантскиот пат на Македонија. Градиме општество со еднакви права и шанси за сите. На меѓународен план сме позиционирани на страната на мирот, против тероризмот и насилниот екстремизам. Очекувам позитивен период за Република Македонија, датум за почеток на преговори со ЕУ и покана за членство во НАТО“, рече премиерот Заев.

Амбасадорката на ОБСЕ, Нина Суомалаинен, додаде дека организацијата останува поддржувач на демократските процеси во нашата држава и отворена за сите експертски потреби на земјата и граѓаните.

Претседателот на Владата, Зоран Заев, се заблагодари за пријателската и принципиелна поддршка што ја има Република Македонија од страна на мисијата на ОБСЕ, но посебно за личниот ангажман, вложените напори и енергија, на амбасадорката Суомалаинен за време на нејзиниот мандат, посебно за време на политичката криза, а во насока на демократска разврска и напредок на нашата држава.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада