Фатен еден од крадците што ја ограбија ТТК Банка во Прилеп

Од:

Полицијата синоќа во Велес го открила и го привела 56 годишниот скопајнец Перица Стефановски кој е еден од двајцата разбојници кои завчера ја ограбија експозитурата на ТТК Банка во Прилеп.

Според Ѓоко Стрезовски протпарол на СВР Битола, против Стефановски е поднесена кривична пријава до прилепското Основно јавно обвинителство поради сомневање дека сторил кривично дело разбојништво.

Дел од украдените пари се најдени, а полицијата трага по другиот разбојник.

Завчера околу 10:30 часот двајцата маскирани разбојници, од кои едниот со капа на главата, а другиот со шал на лицето, вооружени со пиштоли упаднале во експозитурата на ТТК Банка во центарот на Прилеп и со закана по живот кон вработените украле 1,253 милиони денари.

Стефановски е разбојникот  на кого шалот му паднал од лицето додека го извршувале грабежот, а тоа го забележале камерите во банката.

Тој е познат извршител на тешки кривични дела, кражби и е бегалец од затвор. Издржувал казна затвор во КПД Идризово, но за новогодишните празници бил пуштен и не се вратил во затворот.

Би можело да ве интересира

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница