Велигденски концерт на хорот „Св. Злата Мегленска“ во Куманово

Од:

По повод големиот христијански празник Велигден, вечерва во 19 часот во Занаетчискиот дом во Куманово, хорот „Света Злата Мегленска“ ќе одржи концерт под диригентската палка Летка Димовска-Полизова, најавија одговорните од Фондацијата за култура и спорт од општина Куманово.

На програмата хорот ќе изведе дела од Петар Димев, Фјодор Степанов, Михаил Иванов, Александар Арханѓелски, Добри Христов, Павел Чесноков, Г.В. Свиридов, Запро Запров, а соло настапи ќе имаат и сопранот Наде Талевска Спасовска, мецо-сопраните Анета Баталаковска, Елена Васова и Јулија Карамитрова-Огненовска.
Хорот функционира од 1996-та година и ја негува црковната музика и композиции од македонското фолклорно творештво. Освен по успешните настапи во Македонија, хорот е амбасадор на културното наследство на државата во светот.

Велигденскиот концерт се одржува со поддршка на градоначланикот и Советот на општина Куманово.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје по повод Велигден

Велики петок – најтешкиот ден во годината

Работно време на Управните служби на МВР за време на Велигденските празници

Македонскиот пазар е стабилен, има доволни количини на квалитетни и безбедни конзумни јајца

Горан Наумовски

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Катерина Ѓуровски

МПЦ-ОА: Овој Велигден го славиме во канонско единство