СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за работата на полицијата

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ партијата што 11 години го партизираше и злоупотребуваше Министерството за внатрешни работи, вршеше притисоци врз вработените во МВР, денес, нема никаков кредибилитет да зборува за работата на полицијата.

Започнатиот процес на ослободување и реформа на институциите резултира со темелно департизирање на МВР, негова професионализација, зголемена ефикасност и постапување во интерес на законите и граѓаните. Министерството за внатрешни работи, активно работи на расветлување на сите случаи и транспарентно ја известува јавноста за постапувањата.

Недостатокот на гориво, униформи, опрема и руинирани полициски станици беа одлика на расипничкото и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ. За разлика од таквиот однос кон полицијата, денес, системски и посветено се работи на подобрување на условите за работа на вработените во МВР, се градат нови и се реновираат постоечките полициски станици, се набавуваат униформи и соодветна опрема, нешто што не било направено цела деценија за време на владењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Суштински се зајакна и улога на полицијата во општеството. Се воведе позорникарската служба или маалскиот полицаец, се засили превентивното делување. Накратко, се врати довербата во оваа институција која прераснува во вистински пријател-заштитник на граѓаните.“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет