Во периодот од 14 до 18-ти овој месец во село Ново Село – кумановско во црквата „Св.Никола“, непознат сторител извршил тешка кражба при што одзел околу 15.000 денари и пет литри зејтин, откако со подесен алат насилно ја отворил влезната врата на црквата.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово и се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.