Скратена постапка за пролонгирање на рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

Од:

Со 59 гласови „за“, ниту еден против и воздржан, Собранието на Република Македонија денеска, во рамки на 40. седница, го поддржа носењето по скратена постапка на Предлог-законот за пролонгирање на изградбата на делницата Кичево-Охрид за три и пол години.

Предлогот предвидува склучување анекс кон Договорот за изградба на делницата Кичево – Охрид со цел продолжување на рокот за изградба до 30 јуни 2021 година, а неговото донесување по скратена постапка од пратениците го побара министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски. Тој рече дека се неопходни препроектирања кои ќе го зголемат обемот на работа и ќе предизвикаат финансиски импликации.

Анексот, истакна Сугаревски, се однесува само на продолжување на рокот за изградба, а не и на дополнителните средства зашто за нив ќе се прави дополнителна проценка.

– Бараме да се склучи анекс договор според кој крајниот рок за доизградба на автопатската делница Кичево – Охрид ќе биде 30 јуни 2021 година. Потребата од продолжување на рокот се јавува поради неусогласеност на проектната документација со условите на теренот и променливата геологија која не одговара со предвидената во проектот. Потребно е препроектирање на сите усеци, на повеќе мостови, потпорни ѕидови, надпатници, подпатници, комплетна проектна документација за девет клучки, како и изработка на проектна документација за позиции кои не биле предвидени во основниот проект, а морале да се предвидат заради неопходно и правилно функционирање на автопатот, објасни министерот.

Владата на 20 март годинава го усвои првиот анекс на договорот со кинеската компанија Синохидро со кој рокот за градба се пролонгира за три и пол години.

На 40. седница чиј дневен ред беше усвоен по точката за автопатот Кичево – Охрид, има повеќе од 60 предлог-закони. Седницата, како што најави спикерот Талат Џафери, ќе продолжи во 16 часот.

Собранието претходно одржа три седници на кои беа поддржани околу 40 закони, сите во прво читање.

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он