Нема повеќе француски државјани меѓу заложниците во „Ин Аменас“ во Алжир, изјави францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан во интервју за регионалната телевизија „Франс 3 Бретања“, јави дописникот на МИА од Париз.
– Според она што го знаеме, за жал има еден Французин меѓу убиените, а другите наши граѓани беа ослободени, одговори министерот за одбрана на прашањето дали има уште француски државјани меѓу заложниците во Алжир.
Жан-Ив Ле Дриан не можеше да потврди дали меѓу киднаперите има француски државјани. Француските и други медиуми јавија дека во акцијата за ослободување на заложниците, меѓу убиените терористи имало и француски државјанин.