Тпортал.хр
Во почетокот на 2017 година 2.000 невработени граѓани на Финска почнаа да примаат месечно по 560 евра и тие примања ќе им траат до крајот на 2018 година. Примателите на тој износ се бирани без критериуми, приходот е ослободен од данок и тие што го примаат парите можат да ги потрошат како што сакаат.
Државата значи не контролира како тие пари се трошат ниту пак корисниците требало да исполнат какви било барања за да ги добијат парите.
Финските власти преку експеримент сакаат да дознаат дали универзалната плата ( Universal basic income) е флексибилен начин за давање помош и поттикнување на вработување од постоечкие социјални програми освен тоа тие се надеваат дека универзалната плата е добар начин за растеретување на посточеката бирократија во составот на социјалната заштита.
Износот од 560 евра е избран бидејќи е на ниво на сума за надомест за невработени што се исплаќа во Финска. Тие пари не претстануваат да се испраќаат ниту во случај кога корисникот ќе се вработи.
Износот не е доволен за сите месечни трошоци, но на луѓето има дава повеќе слобода во нивниот живот.
Податоците за корисниците на универзалната плата не се јавно достапни и службените резултати нема да се објавуваат се до завршувањето на проектот.
Сепак новинари од Би-Би-Си и од американскиот ТВ канал Си-Ен-Би -Си успеале да идентификуваат неколкумина корисници и ги запрашале за нивните искуства.
Станува збор за луѓе кои лани биле невработени од различни причини. Траењето на нивната невработеност варирало.
Во финската Aгенција за социјално осигурување, напоменуваат дека една од целите на тој експеримент е и испитување дали може поединци да се активираат на пазарот на трудот и со поинакви механизми од досегашните.
Финската министерка за социјални работи Пирко Матила во изјава за Би-Би-Си вели дека постојат податоци што се во прилог на тоа дека дури и ако не е многу успешна приказната таа има некои позитивни аспекти односно дека финските власти за сега се оптимистички со досегашниот тек на експериментот.
Нејзините зборови ги потврдуваат и искуството на споменатите поединци кои велат дека износот од 560 евра месечно дал дополнителна слобода во нивните животи.
Една корисничка која во почетокот на 2017 година немала големо работно искуство и во меѓувреме прифатила работа за која смета дека ќе ја однесе во посакуваната насока од кариера. Друга корисничка која повремено работи месечното примање и овозможило дополнително слобода за да се посвети повеќе на семејството. Трет корисник е исто така задоволен од експериментот додека четвртиот и понатаму е невработен но оптимист дека до летото и тој ќе најде работа.
Истиот експеримент сепак не значи дека целосно ќе се усвои концептот за универзална плата што би подразбирало апсолутно сите граѓани без оглед на статусот да примаат одреден износ.
Министерката Матила вели дека експериментот во овој облик бил престар за да се прошири на сите граѓани, но вели дека е среќна што ја преземен барем првиот чекор.
Еден од критичарите истакнува дека со примање месечен износ во таков облик поттикнува прифаќање слабо платени работи, тој смета дека државата би требало да тежнее да се отвораат работни места што носат поголеми приходи наместо оние што се движат околу минимумот.
Универзален приход заговараат и познати технолошки иноватори како Марк Закерберг и Елон Маск.
Финските власти не можат да проценат дали експериментот ќе продолжи и по истекот на рокот и дали можеби ќе се прошири за сите невработени.
Државата се надева дека месечниот бонус ќе поттикне луѓето да пронајдат работно место и да не се грижат за тоа дали ќе го загубат својот надомест за невработени и сакаат да видат може ли универзалната плата да ги замени вообичаените трансфери на социјална помош или барем надоместок за невработени. Дополнителни и детални резултати од финскиот експеримент може да очекуваме за една година.
Во меѓувреме анкета е спроведена во 2016 година врз 35 илјади испитаници во 18 европски земји за прашање за единствена универзална плата.
Резултатите покажале дека граѓаните од источниот дел од Европа посилно ја поддржуваат таквата идеа отколку соседите на север и на запад.
Во Русија три четвртини анкетирани имале позитивно мислење за идејата, а позитивно мислење имале и граѓаните на Чешка, Полска и Словенија и Естонија.
Во Норвешка пак само една третина анкетирани поддржувале таков вид исплата. Слични ставови имале и во Шветска, Исланд, Холандија и Финска.
На средина се жителите на Германија, Франција, Австрија, Белгија, Ирска и Британија.
Финското искуство сигурно ќе биде вреден дополнителен аргумент во анализата за тоа може ли единствена универзална плата да замени постоечки системи за социјална заштита, да ги надополнува или е неадекватен во денешното општество.