Алонсо: Ќе видите голем напредок на Мекларен во следните трки

Од:

Фернандо Алонсо е воодушевен од новото партнерство на неговиот тим Мекларен со францускиот производител на моторни возила, Рено. Според двократниот светски шампион, Британците веќе не се „просечен тим“ и почнуваат да кројат планови како побрзо да го земат местото на Ред Бул.

Алонсо дури успеа да финишира меѓу пилотите на австрискиот тим Даниел Рикардо и Макс Верстапен при отворањето на сезоната 2018 во Гран При на Австралија, но резултатот поскоро се должеше на проблемите на Верстапен отколку на реалната брзина на патеката на тимот од Вокинг.

– Се ќе станува подобро за Мекларен. Во следните неколку трки ќе видите голем напредок бидејќи во болидот има уште многу потенцијал за развој. Уште во првиот старт од нашето партнерство со Рено се виде дека тоа ќе биде успешно. Се уште имаме на што да работиме за да постигнеме целосна интеграција меѓу двете компании, прокоментира Алонсо.

Двократниот шампион на Формула 1 додаде дека целта пред Мекларен е да го стигнат и да го победуваат Ред Бул на патеката.

– Се уште не сме на нивното ниво, тие во моментов се поблиску до Мерцедес и Ферари, отколку што ние сме до нив. Еднаш штом влеземе во иста група заедно со лидерите, сè ќе се промени. Имаме многу работа и знаеме што се бара од нас за да го постигнеме тоа, заврши Шпанецот.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур