Пуџдемон: Ние не сме криминалци

Од:

Поранешниот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пиџдемон, кој се наоѓа во притвор во Германија, порача дека не е криминалец и дека борбата за независност на Каталонија се базира на демократија и ненасилство.

– Ние не сме криминалци. Два пати победивме на избори, изјавил Пуџдемон на средба со двајца пратеници во германскиот Парламент, кои го посетија во притворот.

Пуџдемон нагласил дека кривичното дело бунт, за кое го товарат шпанските власти, подразбира употреба на сила. – Немаше насилство, значи нема ни бунт, изјавил Пуџдемон на средбата.

Германските власти минатата недела го приведоа Пуџдемон врз основа на меѓународната потреница што против него ја објави Шпанија под обвинение за бунт и поттикнување на бунт во врска со одржувањето на референдумот за отцепување и прогласувањето на независност на Каталонија.

Во тек е постапка во која германските власти го разгледуваат барањето на Мадрид за негова екстрадиција во Шпанија.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата