ВМРО-ДПМНЕ: Во АРМ недостигаат основи средства за работа и изведување обука

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавата на Радмила Шекеринска.

„Шекеринска самата призна дека цели 10 месеци не сработила ништо за Армијата на Република Македонија. Шекеринска ги трошеше парите на апетисани и лични задоволства па требаше да поминат 10 месеци за да се сети дека треба да се спроведат реформи во АРМ и да започне постапка за набавка за нови униформи за професионалните војници.

Откако СДСМ и Шекеринска го презедоа министерството за одбрана, армијата ја плаќа сметката за нивната неспособност, а работата ја бележат бројни скандали.

Јавноста беше сведок на скандалозната набавка на мазут од страна на министерството за одбрана од фирма која воопшто не поседува лиценца за продажба на мазут. Од министерството не дадоа одговори како оваа фирма воопшто учествувала и како го добила тендерот. Касарните среде зима останаа без греење, па војниците мораше да смрзнуваат во најладните денови, а голем дел војници кои патуваат не можеа да стигнат до работните места бидејќи министерството не потпиша договор за превоз на војниците.

Негрижата за АРМ ја потврдува и тоа што во голем дел единици на АРМ недостигаат основни средства за работа и изведување обука. Тенковите станаа нефункционални заради немање масло и акумулатори, а комуникацискиот систем е разорен бидејќи не се изврши навремена набавка за батерии за радио уредите.

Уште еден од низата скандали беше поставувањето на Горан Василевски за прв човек на военото разузнавање затоа што истиот претходно бил одбиван за безбедносен сертификат и паѓал на безбедносните проверки, за што се водела и постапка пред Управен суд. Никој не знае како човек со дамки во кариерата се стекна со безбедносен сертификат од највисок степен и дали истото беше награда заради неговото учество во Шарената револуција.

Негрижата и запоставеноста на АРМ заради неспособноста на СДСМ доведе до тоа голем број на професионални војници да ја напуштаат армијата во потрага во подобар живот, а последниот конкурс за прием на професионални војници имаше минимален интерес па мораше да ги спуштат критериумите за примање на нови кандидати“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт