Ред Бул се уште мисли дека поради моторот на Рено, Ф1 тимот не може да биде целосно конкурентен со фаворитите на Мерцедес и Ферари.
Кристијан Хорнер најави дека претставувањето во Австралија покажало дека има потреба од напредок и развој на моторите, иако Дани Рикардо забележа најбрза обиколка во Мелбурн, но остана четврти.
Затоа тој е загрижен пред Гран При на Бахреин, кое е на програмата во недела.
– Некои работи останаа скриени во Мелбурн. Во Бахреин и Кина сепак може да се претекнува, што освен што ви дава можности, ве прави и ранлив за останатите, изјави шефот пред „Рејсер“.
Тој смета дека сите тимови со мотори на Рено се блиску еден до друг во однос на времињата забележани на „Алберт парк“ и разликите доаѓаат на пракса од аеродинамиката.
– Сепак, ова е прашање кое треба да биде упатено кон Рено, а не кон мене, кажа уште Хорнер, кој побара и да се забранат различните режими на автомобилите и сите да возат под исти услови за квалификациите и трките.