Една од најпознатите спортистки во историјата Марит Бјорген на 38-годишна возраст ја завршува својата богата кариера, објавија норвешки медиуми.
Крос-кантри скијачката од Норвешка е осумкратна олимписка шампионка, 18 пати беше светска првенка.
Според најавите, Бјорген на 6 април официјално ќе го соопшти својот крај на професионалната кариера.
Таа дебитира на Светското првенство во 1999 година. Оттогаш има 114 победи на трките во Светскиот куп и 184 места на подиумот.
Како дел од норвешката репрезентација има 29 победи.