Оружен напад врз Ахмед Доган

Од:

Лидерот на партијата на турското малцинство во Бугарија, Движењето за правата и слободите (ДПС) Ахмед Доган денеска е нападнат додека го читал извештајот за време на Осмата национална конференција на движењето, јави БТА.

Доган е нападнат со пиштол на гас додека зборувал пред делегатите на форумот. Новинарите веднаш забележале дека еден од присутните се приближува кон говорницата каде што се наоѓал лидерот на ДПС, а на телевизиските снимки се гледа дека Доган самиот му го одзема пиштолот од рака на напаѓачот, кој бил веднаш совладан и легнат на земја, по што бил физички нападнат од учесниците на конференцијата.

Напаѓачот е 25-годишниот Октај Енимехмедов од Бургас, кој е регистриран како делегат на партијата од овој град. По нападот момчето е однесено во полиција, а кај него биле пронајдени пиштол на гас и два ножа. Енимехмедов има криминално досие, а на полицијата и е познат како хулиган, учесник во тепачки и кражби.

– Ахмет Доган беше веднаш изнесен од салата. По медицинскиот преглед е утврдено дека нема повреди и здравствената состојба му е добра, изјави заменик претседателот на партијата Љутви Местан.

Ахмет Доган е долги години во политиката и е симптоматична фигура од корумпираниот сплет на политички и економски интереси, па затоа е и разбирлива поврзаноста на многу бугарски политичари со него.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски