ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за правда ништо не сработи 10 месеци

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на видео-обраќањето на Бујар Османи.

„Османи на први април реши да се пошегува со граѓаните на Република Македонија и да ги излаже дека планот 3-6-9 имал задоволително ниво на реализација.

Вистината е дека владиниот план 3-6-9 колабираше и доживеа дебакл. Владата ниту има способност ниту може да ги спроведе реформите за кои презедоа обврска да ги исполнат.

На полето на правосудството не само што не се исполнети никакви реформи туку и Министерството за правда ништо не сработи 10 месеци исто како што стагнира овие две недели откако нема министер. Имало или немало владин министер е сеедно. Реформи нема.

Власта неуспесите во правосудниот систем се обидува да ги прикрие преку негова злоупотреба користејќи уцени, притисоци и монтирани обвиненија против невини граѓани.

Наместо борба против корупција, добивме борба за корупција. затоа државата се најде на дното на листата на Транспаренси. Целата јавност можеше да види како премиерот бара поткуп во Струмица, додека пак за двајцата владини функционери за кои се водеше истрага има целосен молк.

Досега од власта на СДСМ и ДУИ видовме само заробено судство, нагло партизирање на администрацијата, медиумска цензура и институции кои потонаа во корупција и криминал.

За да ја одржат во живот коалицијата ја погазија и демократијата во државата, Уставот и законите и насила изгласаа неуставен, неприменлив и штетен закон за двојазичност. Таквото насилно носење на овој закон ја стави под знак прашалник препораката за членство на Република Македонија во ЕУ, на што предупредија и странските дипломати во земјава.

Ова владејачкото мнозинство ги уништи институциите и нанесоа огромна штета на државата. Граѓаните со години ќе ја плаќаат цената на штетните политики на власта на СДСМ и ДУИ. Затоа колку побрзо падне оваа власт толку побрзо ќе се врати правната држава, ќе може да се спроведат реформите и Република Македонија ќе тргне на вистинскиот пат“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ