Ал Шабаб нападна база на Африканска унија во Сомалија

Од:

Припадници на исламистичката група Ал Шабаб денеска детонираа два автомобил-бомби, а потоа отворија оган врз базата на Африканска унија (АУ) во градот Буламерер, при што загинаа неколку војници од Уганда, соопштија сомалиските власти.

– Во нападот убиени се 59 припадници на АУ, а загинаа и 14 наши браќа, изјави портпаролот на Ал Шабаб, Шеик Абдиасис Абу-Мусаб.

Африканска унија се уште не го коментира инцидентот. Нападната база на мировниците се наоѓа на 130 километри од главниот град на Сомалија, Могадишу.

Откако се повлече од Могадишу во 2011 година, Ал Шабаб изгуби контрола врз поголем број сомалиски градови, но и понатаму има значително присуство во земјата.

Групата Ал Шабаб е поврзана со Ал Каеда и често напаѓа владини згради, хотели и ресторани. Во октомври минатата година при напад со камион-бомба во Могадишу загинаа повеќе од 500 луѓе.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија