Во судири во Синај загинаа осум лица, двајца египетски војници и шестмина исламски екстремисти, соопшти денеска египетската војска. Повредени се двајца египетски војници.
Над 500 екстремисти и криминалци се уапсени во текот на изминатата недела, а околку 160 експлозивни направи се размонтирани, посочи египетската војска.
Египет почна голема офанзива против исламските екстремисти на Синај кон почеткот на февруари.