Владина делегација присуствуваше на службата по повод празникот Воскресение – Велигден

Од:

Делегација на Владата на Република Македонија предводена од Заменик претседателот на Владата на РМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, придружуван од министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ и директорот на Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Дарио Сотировски, синоќа присуствуваше на мисата што по повод празникот Воскресение – Велигден, се одржа во храмот Црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.

Владината делегација пренесе честитки до сите верници на Католичката црква по повод празникот, на службата, со која чиноначалствуваше Бискупот Скопски и Апостолски Егзарх на Римокатоличката Црква д-р Киро Стојанов, и кој мисата ја заврши со пораката „Христос Воскресна – Навистина воскресна“, и нагласи дека овој празник е поттик за обнова на верата и преданието на Бога за да можеме во светот да бидеме сведоци на неговата присутност.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места