Џексон: Македонија „со малку среќа“ ќе влезе во НАТО на следниот самит

Од:

Брус Џексон од американскиот Проект за демократии во транзиција, очекува на следниот самит на НАТО да има проширување со Црна Гора и, со малку среќа, Македонија.

Џексон, долгогодишен активист за проширување на НАТО со помагање на про-американските држави низ светот, вели дека не очекува проширувања со другите кандидати, како што се Грузија или Украина.

Џексон коментираше за очекувањата од идниот самит на НАТО, кој се очекува најдоцна во текот на 2014 година, а за кој американскиот државен секретар Хилари Клинтон најави дека може да биде самит на проширување.

– Самитот во 2014 година ќе се фокусира на покани за Црна Гора и, се надевам, Македонија. Двете се квалификувани за тоа во моментов. Во пост-советскиот простор, демократските реформи кои постојано ги баравме не вродија со плод. Нашите повици, како тој на претседателот Буш во неговиот говор на Плоштадот на Слободата во Тбилиси, не предизвикаа трајни политички промени. Украина не искажува интерес за отворање на МАП процесот за членство во НАТО, а би било и неприфатливо тоа да се случи пред украинската Влада да ги реши своите проблеми.

Исто така, не верувам дека Барак Обама би бил толку луд да го отвори прашањето за МАП за Грузија и Украина додека германскиот канцелар Меркел е во изборна година. На самитот во 2014 година би можело да се разговара како НАТО ќе соработува со овие партнерски земји во иднината, вели Џексон. Клинтон, на годинешниот самит на НАТО во Чикаго, организираше средба за четирите земји аспиранти за членство во НАТО, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Грузија. Украина беше кандидат за отворање на МАП процес, кој е чекор кон членство во НАТО, но на самитот во Букурешт во 2008 година ова барање на Украина и на Грузија не беше прифатено.

На вчерашната дискусија во Карнеги центарот во Вашингтон, за идните перспективи кон Украина и Грузија, беше изразена загриженост од затворањето на Русија за западните невладини организации, целосното оддалечување на Украина од европската и НАТО агендата и политички мотивираните апсења, како и почетокот на масовни апсења во Грузија по неодамнешната смена на Владата. Томас де Ваал оцени дека враќањето на овие две земји во списокот кандидати за членство во НАТО е бесцелно, поради големите проблеми поврзани со безбедноста и демократското функционирање на овие земји.

– Мислам дека аспирации, барем што се однесува до Грузија, уште се таму. Но, НАТО е организација која решава со консензус, а Франција, Германија и Италија се многу, многу скептични кон грузиското членство во НАТО. Мислам дека додека Абхазија и Јужна Осетија остануваат како што се, ова ќе биде само аспирација и НАТО ќе и нуди многу работи на Грузија, но не и членство, изјави Де Ваал. Ричард Јунгс, од европската невладина мрежа ФРИДЕ, оцени дека слично противење, од Германија, кон придвижување на процесот за интегрирање на Украина и на Грузија има и во Европската Унија. Според Јунгс, целта на ова не е да се предизвикаат демократски промени во овие земји, туку е да се запре процесот на проширување на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море