ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ 10 месеци е на власт, а се однесува како да е опозиција

Од:

„СДСМ својата неспособност да ги решава проблемите на граѓаните и да создаде економски раст веќе 10 месеци се обидува да ја прикрие со обвинувања против ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ цели 10 месеци е на власт, а се однесува како да е опозиција.

Манипулациите и обвинувањата кон ВМРО-ДПМНЕ не можат да го прикријат фактот дека владата на СДСМ ја закотви македонската економија убедливо на европското дно со 0% економски раст.

СДСМ не може да избега ниту од фактот дека има реализирано само 4% од планираните капитални инвестиции, ниту од тоа што само во 2018 година секое македонско семејство го задолжи за 1.200 евра.
СДСМ дупката која ја создава во буџетот на државата се реши да ја пополни со дополнителни давачки на граѓаните.

Воведувањето на прогресивен данок со покачување на данокот на доход од 10% на 18% е на штета на граѓаните и на државата.

СДСМ со својата погубна политика директно удира по џебот на младите и им дава мотив да размислуваат да ја напуштат државата. Наместо да ги стимулира да младите да останат во државата СДСМ ги стимулира да ја напуштат.

СДСМ со оваа мерка само ќе ја зголеми невработеноста, ќе ја зголеми даночната евазија и дозволува многу субјекти немајќи излез да се префрлат на полето на сивата економија.

Граѓаните не заслужуваат ваква влада која не е способна да креира услови за раст и развој. Граѓаните заслужуваат подобро и затоа колку побрзо си замине оваа власт толку побрзо ќе се врати економскиот напредок на државата“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт