(ВИДЕО) Мицкоски: Покачените даноци ќе бидат удар за оние кои ја носат економијата

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното видео обраќање рече дека покачувањето на даноци најавено од министерот за финансии значи дека владата планира да удри по џебот на граѓаните. Како што кажа тој, повисоките даноци се цената која треба да ја платат граѓаните за неспособноста и неработата на владата.

– Причините за ваквата одлука се едноставни, неспособната Влада на СДСМ и Заев не може да продуцираат вредност и економија која расте, веќе предупредив дека капиталните инвестиции се минимални и се движат само 4 отсто од планираното за првите два месеци, а економијата замира, со тоа се зголемува и дупката во буџетот. Задолжувањата кои ги направија и со кои за само два ипол месеци го задолжија секое семејство за цели 1.200 евра, покачената акциза на нафта не се доволни и сега се удира по граѓаните, рече Мицкоски.

Тој додаде дека покачените даноци ќе бидат удар за оние кои ја носат економијата, наместо да се стимулира плаќањето на даноци ќе се стимулира црната економија, средната класа која треба да го плати цехот што владата не умее и не знае како во економијата.

– Тоа ќе влијае демотивирачки за бизнисот, а е уште една причина многу луѓе да ја напуштат земјата. Оваа влада ветува општество за сите, но во реалноста го подвојува, ветуваа живот, носат сиромаштија. ВМРО-ДПМНЕ е против зголемувањето на даноци. Граѓаните не смеат да бидат заложник и жртва на неспособната влада. Нејзина должност е да креира услови за раст и развој. Владата треба да се откаже од оваа мерка која е за осиромашување на граѓаните. Тие заслужуваат подобро. Македонија заслужува подобро, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата