ВМРО-ДПМНЕ: Манчевски сам се фати во лага за бројот на вработени во јавната администрација

Од:

„Манчевски сам се фати во лага дека бројот на вработени е далеку поразличен од претпоставките на СДСМ кога беа во опозиција. СДСМ тогаш тврдеа дека бројот на вработени во администрацијата е 180.000, за сега кога се на власт да тврдат дека се 128.722 вработени.

Дамјан Манчевски треба да сноси одговорност за оваа груба лага. Манипулирањето на граѓаните со наштимани бројки мора да биде предмет на одговорност од страна на министерот.

СДСМ со автодемант на сопствените проекции за вработените во јавната администрација откри дека нивната политика не била градена врз реални факти. Манчевски се обиде невешто да изманипулира и да претстави дека и вработените во приватните агенции и трговски друштва, велејќи дека вкупната бројка е 139.000. Пребројувањето на вработените во јавниот сектор не се врши на овој начин ниту по домашната, а уште помалку по меѓународната методологија. Министерот Манчевски свесен дека сето ова е методолошки неисправно ја соопштува реалната бројка од 128.722 лица.

Во извештајот презентиран од Манчевски не е вклучена годишната флуктоација на кадри во јавниот сектор. Годишната флуктоација на кадри претставува број на нови вработување прилив и престанок на работен однос одлив на вработени. Без овој сегмент извештајот е нецелосен.

Свесно е испуштена годишната флуктоација за да не се види колкав е бројот на вработени за овие 6 месеци колку што е СДСМ на власт. Со едноставни пресметки може да се утврди дека СДСМ има вработено 13.000 лица. Додека 10.000 лица го напуштиле јавниот сектор поради мобинг и притисоците од страна на новата власт, дел од истите беа објавени во медиумите.

Штимањето на стандардите каде што се пресметува со егзактни бројки води кон еден едноставен заклучок дека се работи за тесно партиски интереси на владејачката гарнитура. Министерот Манчевски треба да поднесе одговорност за неодговорното однесување кон овие процеси и затскривањето на партиските вработувања.

Владата со новиот закон за администрација грубо го срушија мерит системот кој што беше воспоставен од претходната влада. Хаосот кој се создава е со намера да се вработат таканаречените шарени револуционери, а притоа се уништува целиот систем во државата.

СДСМ под изговор дека спроведува реформи ги деструктуира државните системи и ја води државата на работ на функционирање и колапс. Дополнително ова ќе ја чини државата изгубени години во кои можело да има напредок наместо целосна блокада. ВМРО-ДПМНЕ додека беше на власт воведе бројни реформи од Светската и Европска практика кои сега се уништуваат. Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе се воспостават повторно квалитетни законски решенија согласно меѓународните стандарди и практики“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија