ВМРО-ДПМНЕ: Судството во Македонија е понижено, политизирано, без доверба и под целосна контрола на СДСМ

Од:

„Македонија е земја каде што политички и без никаква основа луѓе се држат во притвор.

Македонија е земја каде што политички се апсат пратеници од опозицијата без да се почитува Устав и закон.

Македонија е земја каде што се изрекуваат затворски казни за сопственици на медиуми кои не објавувале невистини, туку објавиле податок кој бил личен.

Македонија е земја во која што бизнисмени во суд сведочат како премиерот барал поткуп, а судиите и обвинителите стојат молкум пред него и чекаат да ги реформира.

Македонија е земја каде што премиерот соопштува класифицирани информации дека има истрага за корупција против двајца функционери во Владата и половина година после тоа нема ништо од истрагата.

Македонија е земја во која што специјално јавно обвинителство конструира предмети, повикува сведоци кои потоа укажуваат колку не држат случаите, а судот по политичка наредба им ја исполнува секоја желба не водејќи сметка за еднаквите права и на втората страна во постапките.

Ваква е состојбата со македонското судство денес. Политизирано, понижено, без доверба и под целосна контрола на СДСМ и Зоран Заев.

Во ваква ситуација политички се гонат патриоти за измислено обвинение за тероризам. Еден ден највисокиот Врховен суд одлучува дека доволна мерка за нивно обезбедување е куќниот притвор, а веќе следниот ден Основниот суд по нечија наредба сака да покаже дека мора да се знае „кој е кој“ и мора да се следат наредбите, па дава насока да се трауматизираат семејствата и луѓето одново да се апсат само за да се задоволи нечиј каприц.

Патриотите не се терористи. Судот час поскоро треба да го сопре овој прогон и да се ослободи од стегите и влијанијата на Зоран Заев и СДСМ. Судиите мора да го почитуваат Уставот, законите и човековите права на секој граѓанин без разлика на неговата политичка определба или политички став.

Политичкиот прогон мора да запре. Обвинителството мора да престане да креира монтирани обвиненија и да работи на сузбивање на реалниот криминал кој ја влоши безбедносната ситуација во државата. Мора веднаш да бидат отфрлени неоснованите обвиненија и да бидат ослободени од притвор овие невини луѓе“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ