Џафери: За постигнување на каков било успех, треба да се има дијалог

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери учествуваше на Четвртата годишна конференција на Асоцијацијата на Балкански универзитети на тема „Соработката помеѓу универзитетите и културната коегзистенција – премиса за одржлива платформа во целиот Балкански регион“.

Џафери истакна дека универзитетите се лулката на знаењето, лулка на иднината и дека тие се институциите каде се детерминира визијата за иднината.

-Преку создавањето на заедничките истражувачки мрежи, преку библиотеките и истражувачките центри во различните области, како што се јазикот, културата, науката, историјата, економијата, образованието и спортот, се развива интеркултурен дијалог, а дијалогот е суштински. За постигнување на каков било успех, во која било област, над сѐ, треба да има дијалог. Тука, ќе цитирам една изрека на почитуваниот Далај Лама: „Актуелната реалност е дека сите ние сме зависни еден од друг и принудени сме да коегзистираме на оваа мала планета. Затоа, единствениот разумен и интелигентен начин на решавање на разликите и конфликтот на интереси е преку дијалог, било да е тоа помеѓу поединци или нации“. Автономијата и значајната улога на универзитетите треба да се почитува од власта и од државните институции, а универзитетите мораат да се развиваат во ефективни партнери на глобалниот развој, било да се работи на домашно, регионално или светско ниво. Посакувам оваа платформа, оваа Асоцијација на балкански универзитети да има успех во својата благородна мисија и да има континуитет и секако пошироко и поинклузивно членство, рече Џафери.

Би можело да ве интересира

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година