ЛДП: Бесплатен превоз за сите студенти наместо мерцедес

Од:

„ЛДП е крајно разочарана од негаторскиот однос на градоначалникот Коце Трајановски, бидејќи остана глув на барањата за бесплатен превоз за сите редовни студенти, и го повикува да се одважи и да покрене постапка за итна реализација на бесплатниот автобуски превоз за студентите во период септември – јуни со почеток од оваа учебна година“, рече на прес конференција, Бобан Јанкоски, претседател на Либерално-демократската младина.

„Да ја потсетиме јавноста дека Владата на Никола Груевски, безмилосно ги троши буџетските средства за непродуктивни трошоци и луксуз. Според најновите информации во медиумите, само за едно блиндирано возило за МВР ке бидат потрошени фантастични 600 000 евра. Ако се има во предвид дека за бесплатен автобуски превоз за сите студенти од Скопје, за една години се потребни околу 250 000 евра со парите за блиндираното возило, студентите ќе можат да се возат околу три години, или можат да се доделат стипендии уште за 500 студенти за време на целите студии“, рече Јанкоски.

Либерално демократската младина очекува градоначалникот Трајановски да има разбирање за тешката материјална состојба во која се наоѓаат значителен број студенти и со конкретни мерки да влијае на подобрување на студентскиот стандард.

 

 

 

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство