Шекеринска: На сите им кажуваме – стратешките одлуки се наши

Од:

Изјавите што ги добивме од Русија во последно време не се позитивни, меѓутоа не се ни изненадување, особено по минатогодишниот став дека Русија има одредено мислење за нашите стратешки цели. Ние сакаме да имаме добри односи со Русија и инвестираме во добри односи, но на сите, и на соседите, и на другите држави, им ја повторуваме истата реченица-стратешките одлуки се наши.

Ова денеска го изјави вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска по посетата на Воено-медицинскиот центар во Скопје.

Таа посочи дека од 1992 година оваа земја го изрази својот национален консензус за членство во ЕУ и во НАТО.

– Не се мешаме во туѓите работи, но сакаме нашите одлуки да бидат наши. На тој начин се брани сувереноста, на тој начин се брани независноста, на тој начин се брани сопствената земја, рече Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска

МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет, во 2022 тука ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници

Ана Ололовска