СДСМ: Мицкоски мора да одговори која била неговата улога на 27 април

Од:

„Христијан Мицкоски два дена се крие од јавноста и не дава одговор која била неговата улога во настаните од 27 април кога беа нападнати пратеници, новинари и вработени во Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ јавно застана зад насилниците кои на 27 април ја загрозија безбедноста и уставниот поредок и со тоа оваа партија призна дека стои зад насилството од крвавиот четврток.

Мицкоски мора да одговори која била неговата улога на 27 април и да не се обидува да се затскрива зад народот. Народот, граѓаните, не поддржуваат насилство, поделби и конфликти. Граѓаните не се за насилство туку за концептот на едно општество за сите и тоа јасно го покажаа на последните неколку избори“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски