ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Шилегов сака да си игра градинар и диџеј, но тоа да го прави во слободно време

Од:

„Добро е тоа што Шилегов сака да си игра градинар и да сади качунки и кокичиња, исто како што нема ништо лошо и во неговата желба да биде диџеј и да организира журки за поместување на една автобуска станица. Се е тоа во ред, доколку го прави во слободно време, но граѓаните очекуваат конечно и да сработи нешто за тоа за кое што е платен.

Петре Шилегов во овие 5 месеци не изработи апсолутно ништо. Нема ниту еден проект со кој ќе се пофали пред жителите на Град Скопје.

Градската администрација предводена од Петре Шилегов освен што се занимава со стопирање на речиси сите проекти започнати во време на ВМРО-ДПМНЕ, вклучувајќи и изградба на улици, булевари, паркови, водовод и канализација, речиси ништо друго нема понудено па затоа садење на трева, одбележување на паркинг места и отворање на автобуска постројка за него се врвен дострел.

Петре Шилегов станува најнеспособниот и најнеуспешен градоначалник на Град Скопје. Ако во првите 5 месеци вака се однесува и се грижи за интересите на граѓаните тогаш разочарувањето од ден на ден е се поголемо“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал