(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Заев нема кредибилитет да биде премиер

Од:

Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиумите рече дека граѓаните кои протестираа против антидржавните политики на Заев не се терористи, туку патриоти. Како што кажа тој, тие водени од чувството на патриотизам излегувале на улица за зачувување на Уставниот поредок, интегритетот и суверенитетот на Македонија.

– Зоран Заев нема да успее да го згази чувството на патриотизам и љубовта кон сопствената држава. Дури и сите со политичка одлука да ги фрли во притвор нема да ја убие љубовта кон Македонија. Граѓаните за разлика од Зоран Заев и врхушката на власта знаат што значи љубов кон сопствената татковина. Заев не може да го разбере ова, бидејќи тој е уценет човек, и мора да прави концесии на штета на државните и национални интереси. Разликата помеѓу Мицкоски и Заев е очигледна. Целата јавност виде како Заев бара поткуп од 3 евра за легализација на метар квадратен градежно земјиште, по едно за него, за партијата и едно за црквата. Граѓаните слушнаа дека ова било пракса во општината додека тој бил градоначалник, рече Ѓорѓиев.

Тој запраша со кој кредибилитет овој човек мисли дека може да ја води државата.

– Има ли друг премиер или политичар во Европа за кој со видео докази е документирано дека барал поткуп? Граѓаните се прашуваат, колку бизнисмени од Струмица платиле по принципот евро за Заев, евро за партијата и евро за црквата за легализација на своето градежно земјиште? Дали премиерската функција ја користи за продолжување на истиот принцип на работа? Зоран Заев нема кредибилитет да биде премиер на Република Македонија. Ниту една политички мотивирана хајка, ниту обид за дефокусирање на јавноста нема да може да го сокрие срамот од снимката која целата јавност ја виде, а од која јасно се гледа начинот на кој работел Заев, рече Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија