Американски воен брод оштети скапоцен корален гребен кај Филипини

Од:

Евакуиран е поголемиот дел од екипажот на малиот брод на американската воена морнарица кој заринка на корален гребен кај Филипините, соопштија властите.

Миноловецот вчера заглави на корален гребен во Националниот парк Тубатаха во морето Сулу, 640 километри југозападно од Манила.
Никој не е повреден и нема истечено нафта од резервоарот на бродот, а Филипинските власти го проценуваат оштетувањето на коралниот гребен, што УНЕСКО го прогласи за светско наследство.

Американската воена морнарица соопшти дека се евакуирани 72 од 79 морнари, додека другите се на бродот и се обидуваат да го ослободат со маневрирање.
Американскиот брод пловел кон едно филипинско пристаниште поради снабдување и одмор на екипажот, пред маневрите во азиско-пацифичкиот регион.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод