Во Кичево се одржа отворен ден „Кичево без отпад“

Од:

Пластиката не е отпад туку суровина што носи инвестиции, е цел на проектот во Кичево „Иновативни локални алатки и пилот тестирања за селектирање, собирање и рециклирање на ПЕТ пластичен отпад од домаќинствата во Кичево“.

Проектот е финансиран од глобалниот еколошки фонд Програма за мали грантови Македонија, а го спроведува Центарот за развој на заедницата во соработка со трите основни училишта и двете средни, кои го реализираа проектот од јануари минатата година досега.

– Проектот е со вкупен буџет од 46.637 долари од кои 24.538 долари се обезбедени од страна на Глобалниот еколошки фонд, додека останатиот дел е обезбеден од здружението Центар за развој на заедницата Кичево во соработка со петте училишта и откупните фирми. Активностите од проектот беа насочени кон намалување на количините пластичен комунален отпад преку одржливо управување на дел од цврстиот пластичен комунален отпад со ПЕТ состав.

За таа цел се спроведуваа овие активности за воведување практика на примарно селектирање и собирање ПЕТ пластичен отпад и воведување на рециклирањето преку вклучување на вработените и учениците од градот Кичево рече кординаторот на проектот Елизабета Ристеска.

Во изминатиот период учениците од градот во делот на едукацијата слушаа за штетноста од отпадната пластика по здравјето и за мерките за негово намалување и искористување во селективниот процес а со тоа и заштита на животната средина.

Овој ден под мотото „Кичево без отпад“ беше последен кој се одржа во рамки на овој проект кој со успех според организаторите е реализиран во Кичево.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка